Вчеравечер во Америка беше прикажана последната епизода од седмата сезона на серијата Suits. Ова е последната епизода што ја сними актерката Меган Маркл, по што и официјално ја заврши актерската кариера. Епизодата завршува со свадбата на Рејчел и Мајк, ликовите што ги глумат Меган и нејзиниот филмски свршеник, актерот Патрик Адамс. Од следната сезона ни Меган ни Патрик нема да глумат во хит-серијата.
Меган глумеше во Suits од првата сезона. Ликот на адвокатката Рејчел Зејн ѝ донесе слава во Америка, но и секаде во светот каде што се прикажуваше популарната серија.
Американските медиуми по завршувањето на епизодата објавија неколку фотографии и напишаа дека поранешната актерка ја завршува кариерата со стил. Додаваат дека филмската свадба сигурно ќе ѝ помогне со тремата пред вистинската венчавка со принцот Хари.
Преку социјалните мрежи од ликовите на Рејчел и Мајк се простија нивните долгогодишни колеги, актерите Габриел Мачт (Харви Спенсер) и Сара Раферти (Дона Полсен).