Најпознатиот светски авантурист и љубител на животни Стив Ирвин постхумно доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. На откривањето на ѕвездата присуствуваа сопругата Тери, ќерката Бинди и синот Роберт. Тие одржаа кратки говори и се сликаа покрај ѕвездата на Стив. За да ја испочитуваат неговата страст, тие на церемонијата дојдоа со огромна змија.
„Бев привилегирана што ја имав најголемата авантура со Стив. Секој ден беше како да си среде циклон. Никогаш не знаевме каде одиме или што ќе правиме следно. Научив од Стив дека секој треба да се кажува ‘да’. Скинете страница од книгата на Стив и сакајте се“, рекла во својот говор сопругата Тери.
Стив почина пред 12 години по убод од риба ража на 44-годишна возраст.