Шест македонски готвачи имаа најдобри рецепти

Шест македонски готвачи, шефови на кујна, освоија златни медали на годинешните интернационални гастрономски натпревари во Будва, Црна Гора, и Best Cook Fest во Измир, Турција. Тимот на готвачи на „Гастро мак – Македонија“, составен од Весна Тодоровска-Алачковска, Цветанче Тодоровски, Костадин Стефанов, Снежана Ангеловска и Иван Велков, се натпреварува во разни категории и рангови. Тие со своите рецепти ги добија највисоките оценки од жирито. Пет златни медали доби Весна Тодорвска-Алачковска за категориите: национално јадење, комплет мени, модерна кујна – јадење во три ранга, како и во категориите паста, пица и азиска кујна. Нејзината колешка, Снежана Ангеловска, освои злато и два бронзени медала во категоријата изложбени слатки експонати, а воедно, ова е нејзин 101. по ред освоен медал.

Цветанче Тодоровски освои сребрен и бронзен медал за подготовка на пилешко и јагеншко, Костадин Стефанов освои бронза во категоријата модерна кујна во три ранга, а Иван Велков сребро во категоријата комплет мени.

„Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажа дека можат да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии. Голема чест и задоволство е да се биде дел од вакви манифестација и за мене лично, но е признание и за нашата асоцијација“, вели претседателката на „Гастро мак“, Адријана Алачки.

Целиот текст прочитајте го тука

Scroll to Top