Израел и се налути на Натали Портман

 

Министерката за кулртура на Израел, Мири Регев, ја критикувала одлуката на американската актерка Натали Портман да го откаже учеството на доделувањето на наградата Генезa, позната и како „еврејски Нобел“.

Регев изразила жалење што Портман „паднала како зрела овошка во рацете на оние кои поддржуваат кампања за бојкот, неинвестирање и санкции против Израел“, пренесуваат светските медиуми. Пратеникот Орен Хазан од владејачката конзервативна партија Ликуд, ја повикал владата да и го одземе државјанството на актерката.

Церемонијата за доделување на наградата Генезa е откажана откако добитничката Натали Портман, родена во Ерусалим, најави дека нема да учествува со оглед на „новите случувања“. Претставник на актерката изјавил дека „недамнешните случувања во Израел се вознемирувачки за неа и таа не би се чувствувала добро да учествува на каков било јавен настан во Израел“

Scroll to Top