Авичи си го пресекол вратот

Денес беа објавени првите резултати од обдукцијата на телото на шведскиот диџеј Авичи кои покажуваат дека тој се самоубил, откако си го пресекол вратот. Според извештајот, тој скршил шише вино и со стаклото си го пресекол вратот.

Фановите се сомневаа дека станува збор за самоубиство, оти популарниот диџеј бил болен неколку години. Но, тоа го потврдија минатата недела неговите родители, кога напишаа јавна порака во која открија дека Авичи веќе не можел да го издржи „пеколот низ кој поминувал и дека барал внатрешен мир“.

 

Scroll to Top