Беше икона на Рома, навивачите се колнеа во него, а тој изврши самоубиство поради Ливерпул

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони во кој вечерва од 20:45 часот на римско „Олимпико“ ќе се сретнат Рома и Ливерпул ќе биде силно сеќавање на нивниот меѓусебен дуел на истото место во финалето во Купот на шампионите во 1984 година.

Ливерпул тогаш по пеналите славеше со 4:2, по резултатот 1:1 во регуларниот дел од мечот, а тоа финале својот последен чин го доживеа дури 10 години подоцна, кога иконата и капитен на Рома Агостино ди Бартоломеи се уби поради споменатиот пораз.

Тоа било време на апсолутна доминација на англиски клубови во Купот на шампиони (сега Лига на шампиони). Ливерпул трофејот го освоил во 1977 година, 1978 година и 1981 година. Нотингем Форест се закити со титулата во 1979 година и 1980 година, а Астон Вила во 1982 година.

За да застанат на патот на доминацијата на екипите од Островот, римјаните се одлучиле да променат доста во  своите редови. Ангажирале странски играчи, а меѓу првите бил Бразилецот Роберто Фалка. На местото на тренер е доведен познат Швеѓанин, според многумина најдобриот играч кој кога било играл за оваа земја (поголем и од Златан Ибрахимовиќ) Нилс Леидхолм. Веднаш се фатил за работа и од просечен клуб создал гигант. Рома двапати по ред го освоиа купот на Италија, а кулминацијата се случила во 1983 година, кога по 41 година пост, „Волчицата“ ја освоила титулата на национален шампион.

Одлуката на УЕФА финалето од Купот на шампиони да се одигра во Рим им ги зголеми амбициите на сите во клубот.

Римјаните до полуфиналето ги победиле сите, а по големиот пресврт во полуфиналето го исфрлиле Данди јунајтед (о:2, во реваншот 3:0) и се пласирале во толку посакуваното финале.

Од друга страна, тука бил моќниот Ливерпул.

Финалето се игралона „Олимпико“ на 30 мај 1984 година. Целиот Рим бил карневалски обоен, главниот град на Италија со денови не спиел. Не постоеле навивач на Рома кој не верувал во успех.  Сите веќе го гледалет капитенот Агостино Бартоломеи како го подигнува пехарот.

Тој меч не бил  убав за око. За 120 минути игра немало многу шанси. Ливерпул повел во 13. минута со голот на Нил, а Пруцо израмнил во 42. минута. Резултатот не се променил ниту по продолженијата, па се пристапило на изведување пенали.

Никол не го реализирал првиот удар од белата точка за Ливерпул, а кога Ди Бартоломеи погодил за предност на Рома целиот стадион веќе почнал да ја слави титулата. За нивна жал, Коти и Гарцијани ги утнале пеналите, поточно легендарниот Брус Гробелар ги одбранил нивните удари, додека играчите на Ливерпул Грем Сунес, Јан Раш и Алан Кенеди биле прецизни, па Англичаните по четврти пат го освоилеКупот на шампиони.

И додека Англичаните славеле, една личност таа вечер била тажна. Капитенот Ди Бартоломеи. Тој е роден во Рим, пораснал на јужната трибина, на место каде се собрале најверните приврзаници на Рома. Сонувал дека еден ден ќе игра за Рим, а сонот му се исполнил  и повеќе од тоа кога ја добил капитенската лента. На 14 години заиграл за Рома, а на 17 дебатирал за првпат. Одиграл 308 натпревари за клубот штого сакал, а од нив на 148 бил капитен. Постигнал 68 гола.

По завршувањето на финалето, скршен од поразот тој дивеел во соблекувалната, врескал, кршел сè околу себе.

„Никогаш повеќе не спиеше нормално“, изјавила многу години подоцна неговата сопруга Мариза, со која имал двајца синови, Лука и Џанмарко.

На десетгодишницата, на 30 мај 1994 година, се случила најголемата спортска трагедија во историјата на Рома, Агостино ди Бартоломеи извршил самоубиство. Во околината Салерна на Сардинија, каде што престојувал, си пукал директно во срцето.

 

 

 

„Не гледам светло на крајот на тунелот, но бескрајно ве сакам Мариза, тебе и момчињата“, била една од речениците во прошталното писмо.

Полицијата прошталното писмо го пронашла во внатрешниот џеб на сината јакна со која тој ден се вратил дома, а неговото тело било во локва крв на терасата која имала поглед кон Сицилија.

 

 

 

Scroll to Top