Кралицата Елизабета со хеликоптер долета од Виндсор во палатата Кенсингтон да го посети своето шесто правнуче, принцот Луис.
Среќна и во релаксирано издание, 92 годишната кралица со свежо набрано цвеќе – подарок за Војвотката Кејт, во придружба на нејзините телохранители со автомобил се упати кон палатата Кенсингтон.
Кралицата, облечена во карирано здолниште, розов џемпер, темно сино елече и марама на главата, ги поздрави присутните кои ја чекаа да пристигне.
Посетата на кралицата се поклопила со роденден на принцезата Шарлот, второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Во палатата Кенсингтон таа пристигна сама, без нејзиниот сопруг Филип кој закрепнува од операција на колко.
Како што пишуваа медиумите, кралицата Елизабета прва била известена за раѓањето на принцот Луис и меѓу првите го посетила принцот Луис кој се роди на 23 април во приватниот дел на болницата Сент Мери во Лондон.