Принцот Хари и Меган Маркел од кралицата Елизабеа ќе добијат вила во областа Норфолк, пишува весникот Експрес. Иако тие побараа од своите гости наместо да им купуваат подароци, да донираат пари во хуманитарни цели, кралицата нема да ја почитува нивната желба.
Елизабета Втора има практиката да подарува имот, па според весникот, се очекува таа на Хари и Меган да им ја подари вилата „Јорк котиџ“ во Норфолк. Во 2011 година таа на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им подари куќа со 10 соби во Сандрингам.
Вилата се наоѓа во проширениот дворец на кралицата во Норфолк на околу 180 километри од палатата Кенсингтон во Лондон, каде што моментално живее двојката.