Според народните верувања, на Ѓурѓовден се меси погача за здравје и среќа.
Потребни состојки:
1/2 коцка квасец,
250 милилитри топла вода,
250 милилитри кисело млеко,
2 јајца и едно за премачкување,
2 лажици масло,
1 лажиче сол,
1 лажиче шеќер,
1 килограм брашно,
150 гр сирење
150гр кашкавал
Начин на подготовка:
Се меси тесто така што прво се остава во вода да нарасне квасецот, а потоа се додаваат брашно, јајца и масло. Тестото замесено на меко нека порасне. Потоа се дели на два дела. Едниот дел расукајте го, премачкајте со маргарин и ставете сирење и кашкавал, а потоа свиткајте ролат и исечете го на повеќе помали, па редете ги во подмачкан плех. Направете го истото и со вториот дел. Кога ќе нарасне, премачкајте ја со јајце и печете на 160 степени.