Жељко Јоксимовиќ наводно е во преговори да купи луксузна вила за неговата сопруга Јелена.
Српската водителка и пејачот откако ги добија близнаците живеат во дуплекс во Врачар. Жељко сега размислува да купи вила во елитниот дел на Белград.
Како што пренесуваат медиумите, Жељко веќе има фрлено око на една вила која има огромен двор со игралиште и базен, но сè уште преговара околу цената бидејќи една ваква куќа во овој елитен дел чини околу 2 000 000 евра.