Меланија Трамп сака да излезе од сенката на Доналд Трамп

Меланија Трамп е омажена за најмоќниот човек на светот, а својата дожности ја извршува во мир и тишина и ги поднесува навредите и лагите поврзани со аферата за нејзиниот сопруг Доналд Трамп и порноактерката Сторми Даниелс. Не е ни чудо што еден колумнист ја нарекол дури и словенска сфинга.

Нејзината портпаролка Стефани Гришам потврдила дека деновиве првата дама ќе објави низа политички иницијативи поврзани со децата, социјалните медиуми, здравството и образованието. За критичарите, овој потег на Меланија бил задоцнет поради тоа што нејзиниот однос со Трамп веќе е богат извор на трачеви.

„Целата земја сега е во лош брак со Доналд Трамп и не може да излезе од неговата сенка. Како тогаш Меланија би можела?“, прашува Бил Галстон, поранешен политички советник на Бил Клинтон, последниот американски претседал чии проблеми во бракот излегоа во јавноста.

Меланија Трамп во првите шест месеци од мандатот на Трамп главно отсуствувала од Вашингтон. Престојувала во неговата кула на Менхетен за  нејзиниот син Барон да не мора да го менува училиштето. Поради ваквото отсуство на Меланија, како што пишува Мајкл Волф, авторот на книгата „Оган и бес“, персоналот во Белата куќа често ја ословувале неговата ќерка Иванка како негова „прва сопруга“. Иванка во Белата куќа се има вселено во јуни 2017 година.

На почетокот на оваа година Меланија го ангажирала Реган Томпсон (27) за политички директор и одлучила полека да излезе од сенката на Доналд Трамп. Меланија на обраќањето на Трамп до нацијата во јануари пристигнала одвоено од него и била облечена во бело, изглед кој асоцирал на главната изборна ривалка на Доналд Трамп, Хилари Клинтон.

Нејзиниот одлучувачки момент се случил на неодамнешната државна вечера за која не најмила ниту планер, туку целиот настан самата го организирала. Имала добри критики за организација на вечерата за време на посетата на гостите од Франција. Од цветните аранжмани па сè до храната.

Сепак, ТВ-камерите го снимиле моментот кога Меланија избега пред обидот на нејзиниот сопруг да ја фати за рака. Тоа не е прв ваков инцидент на оваа двојка. Меланија беше видно расположена на погребот на Барбара Буш, каде што беше во присуство на семејството Буп, Обама и Клинтон и пленеше со својата насмевка. Многумина нејзината среќа ја поврзаа со отсуството на Доналд Трамп на овој настан.

Потоа следеше настанот од минатата недела кога Трамп ја смени приказната за аферата со порноактерката Сторми Даниелс и призна дека му дал паричен надомест на својот адвокат за да го купи молкот на Даниелс, неколку дена пред изборите во 2016 година.

Даниелс тврдела дека имала сексуални односи со Трамп за време на еден голф-турнир во Невада во 2006 година, неколку месеци пред да се роди неговиот син Барон.

Вилијам Галстон од институтот „Бруклин“ во Вашингтон вели дека Меланија сега има помешани чувства кон својот сопруг.

„Кога се омажила за Трамп сигурно не се согласила на вакво нешто. Да се биде прва дама за неа не е исполнување на сонот. Се најде во позиција во која не верувала дека ќе се најде на почетокот и сега мора да одлучува како ќе постапува понатаму“, вели Галстон.

Крис Руди, извршниот директор на конзервативниот „Њузмакс медиа“ и близок пријател на Трамп, се согласува дека Меланија има стил во сè. Меланија не знае да биде незгодна. Руди ги негира шпекулациите дека Меланија е несреќна.

„Никогаш ми се нема пожалено, а гледам дека е многу зафатена“, вели таа.

Лери Џекобс од Центарот за политика од Минесота смета дека поинаква прва дама би можела да биде од голема корист за Трамп. За време на последните три или четири децении првите дами биле важно политичко средство на претседателите.

„Меланија би можела да биде амбасадор на добра волја, како Мишел Обама или Барбара Буш“, наведува Руди.

Според мислењето на Џекобс, Меланија веројатно најмалку е ангажирана прва дама од сите досегашни.

 

 

 

Scroll to Top