На 25 јули првпат во Македонија доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди, Зукеро. Тој ќе настапи во Охрид на Антички театар, каде што ќе се претстави со своите најголеми хитови Baila Morena, Senza Una Donna, Dune Mosse и многу други.
Зукеро има остварено соработка со голем број музичари како Мајлс Дејвис, Ерик Клептон, Реј Чарлс, Стинг, Тексас, Питер Габриел, Џон Ли Хукер, Џо Кокер, Иги Поп, Брајан Адамс, Боно Вокс, Андреа Бочели и други.
Сите детали околу влезниците, организаторот „Авалон продукција“ ќе ги соопшти на 21 мај.