Постариот син на Лепа Брена ја покажа новата девојка. Тој и непознатата девојка се забавувале на сплав во Белград, а српските медиуми веднаш објавија нивни заеднички слики и се обидуваат да дознаат која е таа и колку долго му е девојка на Стефан.
Стефан неодамна се врати од Америка каде што речиси цел месец имаше турнеја заедно со својата мајка. Пред медиумите зборува за музиката и работата, но приватниот живот го чува подалеку од јавноста.