Блескавата национална награда „Автомобил на годината” официјално доделена на брендот „дачија“ за моделот „дастер“

По 23. Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во  винаријата „Камник“ на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот „дачија“ за најновиот модел на „дастер“.

Претседателот на стручното жири по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито – г. Горан Антевски, му го предаде признанието на г. Жељко Барбарич – менаџер за продажба на групацијата „Рено“ за регионот Адриатик.

При преземање на наградата г. Барбарич изјави:

„За Рено-групацијата 2017година беше исклучително важна. Алијансата со ‘Нисан’се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа. Со модели како што е новиот „дачија дастер“и вакви партнери во Македонија како Аутомотив груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.“

За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Билљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски од „Еуроимпекс“.

Scroll to Top