Американското повлекување од нуклеарниот договор со Техеран, кое се случи во вторникот минатата недела, е првиот чекор на Американците кои имаат цел да го променат режимот во Иран.
САД имаат цел да го променат режимот во Иран на идентичен начин како што тоа го направиja во Ирак, соопштил експертот за Блискиот Исток, Сами Рамадани.
„Ако внимателно го слушате Трамп во неговиот говор, САД не само што се повлекуваат еднострано од овој мултилатерален меѓународен договор туку всушност и се закануваат дека ќе го променат режимот во Иран“, вели Рамадани.
„Тонот со кој Трамп говореше, зборовите што ги користеше, сето тоа потсетува на говорот на Џорџ Буш Јуниор пред САД да ја изведат инвазијата во 2003 година кога беа користени исто така лаги за геноцидна војна против Ирак“, вели Рамадани.
Експертот истакнал дека не само што ирачкиот режим е разорен поради американската воена вклученост, туку целата земја по тоа била уништена. САД со децении се обидуваа да го дестабилизираат Иран, смета Рамадани.
Вашингтон сака многу повеќе од Техеран“, изјавил Рамадани.
„Не мислам дека Иран е способен за понатамошно дејствување. Иранските служби изјавија дека не планираат да развијат нуклеарно оружје, а и Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) многупати досега потврдила дека сѐ што прави Иран е во согласност со договорот“, додава Рамадани.
„Она што САД го сакаат од Иран е да ја напушти својата независност. Тие не сакаат независна силна нација на светот, особено не на Блискиот Исток. Без оглед на тоа што ние го мислиме за нашиот политички систем, Иран го избра патот на независност од САД. Тие сакаат да бидат лишени од американската политика во регионот. А САД им велат: Ќе ве казниме поради ова“, објаснува Рамадани.
Новинарот Макс Блументхал вели дека Тел Авив стои зад одлуката на Трамп за Америка да се повлече од договорот.
„Израелското влијание е клучот на сето ова. Трамп застана на страната на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој во своето излагање за нуклеарното вооружување на Иран како продавач на автомобил го оправда своето повлекување од иранскиот договор“, вели Рамадани.
На крајот од април премиерот Бенјамин Нетанјаху одржал презентација во „Пауер поинт“ наводно откривајќи ги информациите на израелските известувачки служби за непочитувањето на договорот од страна на Иран.
„Тоа е уште една измама што може да нѐ повлече во војна“, изјавил Блументал нагласувајќи дека таквите податоци се фабрикувани. Блументал додал дека ништо ново не е претставено и дека голем дел од известувачките податоци се зготвени во нечија кујна и дека произлегуваат уште од времето на 2000 година.
Иранскиот претседател Хасан Роухани ја прогласи одлуката на Трамп како илегална и нелегитимна ветувајќи дека Техеран ќе остане да го почитува договорот за нуклеарно вооружување и покрај повлекувањето на САД.