Американката Џеклин Адес е во затвор откако му испратила 65.000 пораки на маж со кој излегла само на еден состаноок. Тие се запознале лани во јануари преку мобилна апликација за запознавање. По состанокот тој ја блокирал, ама таа продолжила да го следи. Во следните 17 месеци му испратила 65.000 пораки, по 500 дневно.
Адес била уапсена во вторникот во Аризона. Таа се појавила на работното место на жртвата и тврдела дека е негова сопруга. Адес за Си-ен-ен рекла дека никогаш немала намера да го повреди мажот со кој била само на еден состанок и дека сè уште го сака.
Но, во документите што биле приложени на суд стои дека во една од пораките таа му напишала: „Не обидувај се да ме оставиш, ќе те убијам. Не сакам да бидам убиец“. Во друга порака му напишала дека ќе се капе во неговата крв.
Полицијата соопштила дека Адес провалила во куќата на мажот додека тој бил надвор од градот и дека се капела во неговата бања. Во нејзиниот автомобил полицијата пронашла нож.