Хелен Мирен падна пред стотина папараци во Кан

Актерката Хелен Мирен се сопна на плажата „Мартинез“ за време на филмскиот фестивалво Кан. Таа доживеа незгода за време на официјален настап на кој го промовираше својот нов филм. 72-годишната Мирен ѝ мавташе на публиката, се сопна на дрвената платформа и падна. На плажата пред хотелот „Мартинез“ во тоа време имаше стотина акредитирани фотографи и папараци кои ја сликаа.

Нејзините асистенти ѝ помогнаа да стане, а таа откако го истресе песокот од облеката, повторно ги поздрави фановите што ја чекаа.

 

Scroll to Top