Стефан Ѓуриќ – Раста бил гостин во емисијата „Амиџи шоу“, а домаќинот и водител Огњен Амиџиќ го прашал дали е вистина дека се развел од Ана Николиќ поради тоа што претходно кружеле такви приказни во медиумите.
„Не“, изјавил Раста и ги демантирал приказните дека се развел од пејачката.
Раперот навел и дека ќеркичка Тара му го променила животот.
„Сега се чувствувам многу побогато, а тоа е единствената вистинска работа за мене. Сега се чувствувам одговорно. До овој момент не знаев што значи да не си спокоен. Повеќе не си дете. Постои некој друг за кого сега треба да живееш. Мислам дека тоа му е потребно на еден уметник каков што сум јас“, изјавил Раста.