Режисерот Рајан Куглер сака женска верзија на „Црниот пантер“

Режисерот на „Црниот пантер“, Рајан Куглер, во едно интерву изјави дека би сакал да сними продолжение на светскиот хит. Тој рекол дека „Марвел“ веројатно ќе направи продолженија на филмот, а еден од тие филмови може да биде за жените од Ваканда.

„Тоа би било неверојатно, ако се појави можност. Неодамна го направија тоа со стрип-верзијата”, рече тој.

Тој имал само пофални зборови за жените во актерската екипа на „Црниот пантер“, Лупита Нјонго, Данај Гурира и Летиција Рајт.

„Ги имаме овие актерки кои можат да носат свој филм“, рекол тој во интервјуто.

Scroll to Top