Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов , вчера на поштадот Македонија играше салса, за време на матурската парада, откако матурантите завршија со танцот квадрил. Шилегов, заедно со манекенката Марјана Станојковска и Тодор Миладинов од танцовиот клуб „Ритам плус“, , на бината, заиграа на латино музика. Миладинов му ги покажуваше чекорите на градоначалникот, па потоа сите заедно на бината заиграа салса.
Годинава, на матурската парада во Скопје учествуваа околу 1.100 матуранти од Скопје. Учениците играа квадрил што го вежбаа на часовите по физичко со учителите од танцовиот клуб „Ритам плус“.