Tакси-хеликоптерите забележале напредок во големите метрополи со отежнат сообраќај. Ваквиот тренд се проширува и во Азија. Во Бангалоре, град со над 12 милиони жители во југоисточна Индија, Агостино Фернандес лета над градот за да стигне до меѓународниот аеродром. Потребно му е околу половина час. Тоа е една четвртина од времето кое го поминува ако патува со автомобил.
„Потребен ни е еден вид на превоз кој ќе им помага на луѓето. Значи, хеликоптерот е еден од одговорите, наместо метрото или другите форми на превоз“, вели Денон Прауиарармадја, основач на „Вајтскај Авиејшен“.
„Вајтскај Авиејшен“ веќе има 60 клиенти месечно. Поголемиот дел од нив вршат професионални патувања. Превозот од аеродромот до Џакарта чини 430 долари, а просечната плата во оваа земја не надминува 205 долари.