Катарина Грујиќ синоќа во еден ресторан во Белград го промовираше својот нов албум. Пејачката успеа да ги собере речиси сите пејачи и пејачки од српската естрада и заедно да го прослави својот 26. роденден. На забавата се појавиле Александра Пријовиќ, Џани, Ана Севиќ и многу други ѕвезди од музичката естрада.
По официјалниот дел на промоцијата на нејзиниот албум првенец под името „Не сум како другите“, како и песната „Посилна доза за мене“, следела луда забава на која присуствувале повеќе од 150 луѓе.
Забавата траела 12 часа и завршила дури во раните утрински часови.