(Фото) Пријовиќ, Ана Севиќ, Џани на промоција на албумот на Катарина Грујиќ

Катарина Грујиќ синоќа во еден ресторан во Белград го промовираше својот нов албум. Пејачката успеа да ги собере речиси сите пејачи и пејачки од српската естрада и заедно да го прослави својот 26. роденден. На забавата се појавиле Александра Пријовиќ, Џани, Ана Севиќ и многу други ѕвезди од музичката естрада.

По официјалниот дел на промоцијата на нејзиниот албум првенец под името „Не сум како другите“, како и песната „Посилна доза за мене“, следела луда забава на која присуствувале повеќе од 150 луѓе.

Забавата траела 12 часа и завршила дури во раните утрински часови.

Scroll to Top