Шенки Версаче купил куќа во Белград за развратни журки

Шенки Версаче од Арачиново, кој е познат во јавноста по својата љубов кон модниот бренд „Версаче“, ќе живее во Србија. Тој за српскиот портал „Еспресо“ изјавил дека купил вила во Белград за 4 милиони евра и дека куќата ќе почне да ја уредува во свој стил, исто како онаа во Арачиново.

„Долго размислував да купам куќа во Србија, зашто оваа земја за мене е рај. Србија е преубава, уживам во природата, а она што мене ми е најбитно – има преубави девојки и богат ноќен живот. Затоа и решив да најдам куќа во која ќе можам да правам развратни журки какви што не сте виделе во Србија“, рекол Шенки за српскиот медиум.

 

Scroll to Top