Јелена Карлеуша горда на својата ќерка

Српската пејачка Јелена Карлеуша е горда на својата ќерка, а тоа го покажа со објавувањето на фотографијата на која Атина заедно со нејзината братучедтка продаваат лимонада пред куќата.

„Мојата ќерка Атина и нејзината братучедтка Ања, продаваат лимонда пред куќата“, напишала Карлеуша.

Пејачката заедно со нејзиниот сопруг фудбалерот Душко Тошиќ живеат на висока нога и сосема е сигурно дека на нејзините најмили Атина и Ники можат да им дозволат живот од бајките.

Но, Карлешуа сепак своите ќерки сака да ги воспита на правилен начин, па и покрај луксузот во кој живеат, Карлеуша вели дека тие мораат да бидат вредни за да ги постигнат своите цели во животот.

 

 

 

Scroll to Top