Ќерката на поранешниот југословенски фудбалер и капитен на Југославија, Драган Стојковиќ Пикси, Ања денеска се венчаваат во Соборната црква во Белград со Хуго Валенте.
Гости пристигнуваат од целиот свет и сите сфери од јавниот живот. Хотелите се полнат во самиот центар на Белград.
Водителката Снежана Дакиќ пристигнала со нејзината ќерка Лаура.
Меѓу поканетите се и Топлика Спасојевиќ, Кика Лесендриќ, Иван Бекјарев и многу други.
Пристигнал и синот на Пикси, Марко.
Ања Стојковиќ и Хуго Валенте, со ќерката Индија Роуз пристигнале во Србија со приватен авион во петокот, а двајцата веќе по трет пат ќе се заколнат на вечна љубов.