Од „Џон Хопкинс“ сугериират да се престане со раѓање деца

Неодамна на порталот NPR.org, Травис Ридер од Институтот „Берман“ за биоетика  на Универзитетот „Џон Хопкинс“ изјавил: „Можеби треба да ги заштитиме нашите деца со тоа што нема повеќе да ги правиме. Можеби е подобро да ги немаме во овие несигурни временски климатски промени“.

Професорот Ридер ја означил 2036 година како година во која ќе прекинат катаклизмичките промени, просечната глобална температура ќе се зголеми за два степена Целзиусови, пренесува „Инфоворс“.

До тоа време, или можеби малку подоцна, светот ќе има уште неколку милијарди луѓе од кои секој ќе произведе повеќе емисии на стаклени гасови.

„Но, ако глобалната стапка на фертилитет (раѓањето) се намали на половина дете по жена, тоа би можело да нè спаси“, вели професорот.

Од неговиот текст:

Тој ја цитира студијата од 2010 година која го истражува влијанието на демографските промени на глобалната емисија на јаглерод диоксид. Утврдено е дека со намалување на бројот на жители би можело да се изгуби една четвртина или петина од сите емисии на јаглерод, кои треба да се намалат до средината на векот за да се избегнат потенцијалните климатски катастрофи.

Ридер и неговите соработници истакнуваат дека нивниот предлог не е како навредливата кинеска политика за едно дете, мерка која во оваа земја неодамна се укина. Ридер има за цел да ги убеди луѓето да се одлучат за стратегија со помал број деца, која на крајот се сведува на „морков за сиромашните и стап за богатите“.

Етички е, како што вели Ридер, сиромашните земји да добијат некој вид привилегија, затоа што тие се сè уште во развој, а поради нивните емисии по жител, тие сè уште се надеваат за пристап до развиениот свет.

Освен тоа, едноставно не изгледа добро за богатите западни земји луѓето во сиромашните земји да немаат деца. Тој предлага на сиромашните жени да им се донираат контрацепциски производи и да се води медиумска кампања.

Во 1970-тите и 1980-тите години ТВ-сапуниците во Латинска Америка, Азија и Африка ги учеле луѓето како да го планираат семејството. Некои земји тоа го направиле кога биде соочени со економска криза. Всушност, ТВ-емисиите го менувале мислењето во големите семејства.

Професор Ридер сугерира дека побогатите нации продолжуваат со даночни олеснувања за раѓање деца, а всушност треба да ги казнат новите родители. Тој вели дека казната треба да биде прогресивна, на темел на приходите, а би можела да се зголеми со секое дополнително дете.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ е приватен, истражувачки универзитет со седиште во Балтимор, во американската држава Мериленд. Основан е во 1876 година, а го носи името на својот прв доброчинител, американскиот претприемач, аболитионист и филантроп Џон Хопкинс.

 

 

Scroll to Top