Македонскиот рок-бенд „Архангел“ на 7 јули ќе настапи во Дојран во рамките на „Д фестивал“, соопшти „Пасворд продукција“.
Групата е оформена 1988 година од страна на Ристо Вртев. Тие имаат издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), Heart Core (1998) и „Небесна машина“ (2003).
„Д фестивал“ ќе се одржува од 6 до 8 јули во Дојран. Во својата тридневна музичка програма покрај „Архангел“, фестивалот ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол Ван Дајк, К.У.Р., „Fink“, Севдализа, Дуке Бојаџиев, Pussy Riot, Горан Трајковски, Smut…