Десет дена по кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл сè уште се собираат впечатоците од цремонијата, но сите главно се согласуваат дека церемонијата воопшто не била слична со онаа од 1981 година, кога се венчаа принцот Чарлс и лејди Дајана Спенсер.
Познато е дека бракот на принцезата Дајана и принцот Чарлс не бил најсреќен, а документарецот во кој се појавиле и тајни снимки од принцезата Дајана открива дека таа сакала да го откаже венчавањето ден претходно.
Таа неколку дена пред венчавката го слушнала разговорот меѓу својот свршеник и Камила Паркер – Боулс во кој тој ѝ ветил дека ќе ја сака засекогаш.
Дајана пред венчавката ѝ рекла на својата сестра дека не може да се омажи за човек кој сака друга, но нејзината сестра ја одговорила на тоа.
„Доцна е за тоа. Твоето лице е на секоја шолја во Лондон“, изјавила тогаш сестра ѝ.
Принцезата Дијана во тој документарец признала дека на денот на венчавката се чувствувала како јагне што го подготвуваат за колење.