Саша Матиќ: Никогаш нема да го заборавам Синан Сакиќ

Од Синан Сакиќ преку социјалните мрежи се простија голем број на негови колеги, а меѓу нив беше и Саша Матиќ, кој со емотивна порака се прости од српскиот фолкер.

„Постојат луѓе кои никогаш не можам да ги заборавам поради тоа што го направија за мене, кога бев на почетокот на мојата кариера. Еден од нив е и Синан Сакиќ, на чиј концерт дебатирав во сараевска Скендерија. Многу ме потресе веста за неговата смрт. Отиде најголемиот естраден емотивец, вонсериски пејач и пред се човек. Почивај во мир легендо. Нека ти е вечна слава и фала ви за се. До семејството најискрено сочувство“, порачал Матиќ.

 

Scroll to Top