Џус: Синан ми беше како татко

На учесниците од „Парови“ им било соопштено дека починал еден од најпознатите пејачи на народната музика Синан Сакиќ, а оваа вест најмногу го погоди Иванновиќ Џус.

Не можејќи да ги контролира своите емоции, цело време се присетувал на моментите со легенрадниот Синан.

„Чест ми беше што бев гостин на неговиот последен концерт. Кога го запознав, тој ме прегрна и почна да плаче со мене. Тогаш сретнав човек кој е преполн со емоции. Имам повеќе татковци, но тој е сигурно еден од нив. Се молев секоја вечер да му биде подобро“, изјавил Џус низ солзи.

„За мене Синан не си замина. Тука е“, дополнил Џус.

Scroll to Top