Шаулиќ, Пејовиќ, Рајовиќ, Китиќ – Пола естрада на погреб кај Синан Сакиќ

Легендата и кралот на народната музика, Синан Сакиќ, човекот со најсилни емоции на српската естрада, кој почна на 1 јуни 2018 година, во семејниот дом, на 62 годишна возраст, денеска беше погребан на вечното почивалиште на муслиманските гробишта во Лозница.

Денеска голем број на комшии, пријатели, колеги и фамилијата се собраа во неговиот дом.

Првиот кој стигна беше пејачот Драган Којиќ Кеба со сопругата Олја.

Пред семејниот дом беа затекнати и сопругата на Синан и синот Елвис.

„Не знам како ќе продолжиме без него. Го нема повеќе тато“, во солзи говорела неговата ќерка Џулка.

Драгана Мирковиќ и Миле Китиќ пристигнале со членовите на прочуениот бенд „Јужен ветер“.

На гробиштата пристигнаа и Шабан Шаулиќ, Хасан Дудиќ, Мина Костиќ, Адил Максутовиќ, Џеј Рамадновски.

Вратата на семејниот дом на семејството Сакиќ била отворена од синоќа за сите пријатели и луѓе кои сакале да изразат сочувство до семејството.

 

Scroll to Top