Саудиска Арабија вчера ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, пренесува „АП“. Досега ова беше единствената земја која не им дозволува на жените да возат.
Десетте споменати жени полагале краток возачки испит, пред да ги добијат дозволите, бидејќи веќе поседувале возачките дозволи од други земји, меѓу кои британска, либанска и канадска дозвола.
Престолонаследникот на земјата, Мохамед Бин Салман, минатата година донесе уредба со која ќе им се дозволи и на жените да возат. Забраната за жени-возачи целосно ќе се укине на 24 јуни.