Овен
Денот ќе ви започне со убава вест. Остатокот од денот искористете го за мал шопинг и мала прошетка. Постои голема можност денес да запознаете некоја личност која ќе биде дел од вашата иднина.
Бик
Наместо да им се покорите на пороците, обидете се да се спасите од нив. Работните обврски завршете си ги на време за да имате време поголемиот дел од денот да си го посветите на себе.
Близнаци
Работните обврски не можат да чекаат. Најпрво завршете ги сите, а потоа преостанатото време посветете го на релаксација и забава. Време е за диета и тренинг.
Рак
Финансиската состојба ќе ви се подобри и поради тоа ќе имате можност да купите нешто што го сакате одамна. Потребна ви е поголема физичка активност за подобро да се чувствувате во својата кожа.
Лав
За оние кои се во врска, ги очекува убав период на љубовен план. Партнерот ќе ви го посветува целото негово внимание. А оние кои се сингл, мислите ќе им се вртат околу поранешниот партнер.
Девица
Пред да започнете некој да озборувате, размислете дали вашите коментари ќе влијаат негативно врз околината. Доколку сакате да го задржите партнерот, време е и вие малку да се потрудите.
Вага
За да ја подобрите вашата здравствена состојба, започнете да се храните поздраво. Време е и за тренинг, иако летото уште не започнало. Посветете си малку повеќе време на себе.
Скорпија
Доколку во себе имате негативна енергија, наместо да ја истурите на вашите блиски, одете во најблиската теретана и потрошете ја целата енергија. Вечерва легнете си порано, потребен ви е сон.
Стрелец
Внимавајте каде можете да ја употребите вашата иронија, бидејќи некои луѓе може да не ја разберат и да бидат повредени од ваша страна. Оние кои не се во врска, ги очекува интересен флерт со некоја личност.
Јарец
Пријдете ѝ на онаа личност која ви се допаѓа. Направете го првиот чекор и нема да се покаете. Вечерва ве очекува пријатно изненадување од некоја сакана личност.
Водолија
Подарете нешто и вашите блиски ќе бидат многу среќни и ќе знаат тоа да ви го возвратат. Здравјето е добро, но, за помали болки во грбот потребно ви е повеќе движење.
Риби
Денот е прекрасен за уживање во вашиот дом. Посветете го целото внимание на вашето семејство и тие ќе се чувствуваат многу добро во вашето семејство. На крајот од денот ќе добиете повик од стар пријател.