Македонската поп-пејачка Ања Ветерова минатата недела матурираше. Облечена во широка розова сукња, таа го сврте вниманието кон себе, а многумина ги потсети на Кери Бредшо од „Сексот и градот“, најголемата модна трендсетерка во телевизиските серии.
„Сакам да носам облека што другите не ја носат. За матурската прослава избрав креација на „Бјанка споса“, на нашата дизајнерка Салие, раскошна сукња комбинирана со маичка и розови сатенски чевли“, ни рече Ања.
За „Репортер“ раскажа дека прво имала семејна прослава во еден скопски ресторан, а потоа заминала на забава во хотелот „Александар палас“. Ања матурираше во средното училиште „Нова“.
„Во неделата имавме и церемонија за врачување дипломи и фрлање капи. Добив сребрена диплома од доналд Трамп за академско достигнување, па на крај ја испеав I Was Here од Бијонсе, наменса порака дека заврши едно поглавје во нашите животи“, рече Ања за „Репортер“.
Наскоро заминува во Америка, а од есен ќе студира на еден од најпознатите музички колеџи таму, „Беркли“ во Бостон.
(А.Ј)