Ријана му го скрши срцето на арапскиот милијардер

Ријана и Хасан Џамил ја раскинаа едногодишната врска. Поп-пејачката одлучила да го откачи Арапот, кој тежи околу 1,5 милијарда долари.

Ријана и Хасан се забавуваат од минатата година во јуни кога почнале шпекулациите за нивната романса, а малку потоа биле фатени на одмор на Ибица. Бизнисменот од Саудиска Арабија бил заљубен во Ријана, а пејачката на своите социјални мрежи нема објавено ниту една нивна заедничка фотографија.

Пријател на богатиот Арап во јавноста открил дека Хасан страда и поради тоа што Ријана му го скршила срцето.

Како причина за раскинувањето многу странски медиуми наведуваат дека поп-ѕвездата наводно се заситила од Хасан.

„Ријана е уморна од него. Таа понекогаш се заморува од мажите. Тоа била добра врска, но сега е готово. Ријана го скрши неговото срце. Тоа е тоа што таа го прави. Крши машки срца“, изјавил пријателот на Хасан.

Хасан во 2016 година беше во кратка врска со манекенката Наоми Кембел поради што таа и Ријана и понатаму наводно не зборуваат.

 

 

Scroll to Top