Меган Маркл изминатиов викенд првпат се појави на балконот на Бакингемската палата заедно со членовите на кралското семејство. Војвотката од Сасекс била нервозна, а принцот Хари на сите можни начини се трудел да ѝ ја олесни ситуацијата.
Кралицата Елизабета, Кејт, Вилијам, Чарлс и сите други навикнаа на заедничките јавни појавувања и само се смешкаа и ѝ мавтаа на толпата.
Експертите за читање од усни откриваат за „Мирор“ дека Хари на сите начини се обидувал да ја смири својата сопруга.