Нов документарец за пеколот кој го доживеале зајчиците

Најмрачните тајни на покојниот сопственик на магазинот на Плејбој, Хју Хефнер ќе бидат откриени во новиот ТВ документарец.

Основачот на најпознатиот магазин за мажи, кој бил познат по својот хедонизам, живеел во палата со голем број на различни жени. Во новата програма ќе биде откриено што се случувало зад затворените врати во неговиот приватен живот.

Карла Хоу, поранешна плејбој зајчица, која во палатата живеела со својата близначка Мелиса вели дека и самата слушнала многу грозни работи за покојниот Хју Хефнер, но дека таа самата не присуствувала на ниту еден инцидент. Хефнер почина на 91 годишна возраст минатиот септември.

 

Sada se snima dokumentarac o životu Playboy zečica

„Никогаш не сум имала грозно искуство со него, но многу девојки имаа. Некои од нив проговорија и тоа што ќе го слушнете не е многу убаво“.

„Некогаш држел осум девојки затворени во соба, кои го чекаа својот ред кај него. За среќа, мене никогаш ништо лошо не ми се случило. Кога живеев во палатата, тој веќе беше оженет, така што можам да кажам дека јас сум една од ретките кои добро поминаа. Девојките ми говореа: „Имаш среќа што не си била тука пред неколку години“, вели Карла.

Актерите кои ја снимиле реконструкцијата на овие настани веќе се ангажирани. Како што тврди Карла, Хефнер знаел дека работите, кога тогаш ќе излезат на виделина.

Hju Hefner sa zečicama

„Хју знаеше дека за ова нема да може да се молчи засекогаш, затоа што многу жени живееја тука. Но и девојките знаеја во што се впуштаат кога се согласиле на неговите услови. Тие сакале да ги трампаат своите животи во замена за кариера. Некои од работите кои се случува беа ужасни“, дополнува Карла.

Инаку, прва која проговори за ужасниот живот во Плејбој палатата е Холи Медисон, која заедно со Кендра Викинсон живеела со Хефнер седум години.

„Морав да изгледам како да се чувствувам фантастично, а бев ужасно несреќна. Вики (уште една од девојките на Хефнер) донела еден куп жени во неговиот кревет и јасно ми е зошто тоа го правела. Колку повеќе ги имало, толку била помала шансата дека таа ќе мора да има секс со него“, изјавила Медисон.

И Кендра раскажала за сексот со Хју Хефнер:

„За да ја преживеам ноќта, морав да бидам пијана. Немаше поинаков начин“, вели Кендра.

 

Scroll to Top