(Фото) Џони Деп ослабен и блед

Холивудскиот актер Џони Деп, одлучил некое време да се повлече од јавноста и да не се појавува никаде освен на однапред закажаните концерти на својот бенд и снимањето на филмови.

Фановите се загрижени поради фотографиите направени во Санкт Петесбург, каде Џони Деп настапил со бендот „Тhe Hollywood Vampires“.

Една обожавателка објавила фотографии од актерот на кои тој изгледа слаб и блед. Неговата пијар служба се огласила веднаш по објавата на фотографиите, велејќи дека актерот не боледува од ништо и дека се чувствува одлично.

 

Некои холивудски шминкери тврделе дека актерот изгледал бледо и дека неговите очи се воспалени, затоа што не ја носел вообичаената шминка.

Деп не се огласи по ваквите коментари, а неговата пијар служба ги откажала сите појавувања на јавните настани и разговорите со медиумите, пренесува Дејли мејл.

 

Актерот во моментов снима пет филмови, а неговат група жари и пали на турнеите ширум светот.

 

Scroll to Top