Српската фолк-пејачка Лепа Лукиќ во едно скорешно интервју откри дека на нејзината надгробна плоча не сака да стојат датумите кога се родила и умрела, туку да пишува забавен текст.
„Сакам да стои: Тука Лепа Лукиќ лежи првпат сама“, рекла пејачката во гостувањето во емисијата „Магазин ИН“.
Таа додала дека одамна размислува за смртта, дека има напишано и тестамент и дека најголемиот дел од својот имот ќе му го остави на својот внук, но само под услов да ја чува нејзината мачка, која ја обожава.