Овен
Поради различните мислења и интереси ќе имате мала караница со партнерот. Но, не грижете се непотребно, напнатоста во воздухот ќе исчезне уште вечерва. Во меѓувреме, смирете се читајќи некоја книга.
Бик
Добро би ви дошло по крајот на напорниот работен ден да се опуштите со читање на добра книга. Личност од спротивниот пол со зелени очи цел ден ќе ви патува низ мислите, но не грижете се, и таа личност има чувства за вас.
Близнаци
Научете се да не користите изговори за сѐ што ќе ви се каже. Некогаш потрудете се да направите нешто што не е по ваша волја, само да не ги растажите пријателите. Сакавте да направите промена во вашата фризура? Направете го тоа денес!
Рак
Денешниот ден ќе ви биде од голема важност, затоа размислете добро како ќе го искористите. Доколку не сте во врска, некој од вашите пријатели ќе сака да ве запознае со некоја интересна личност, прифатете ја понудата.
Лав
Поради добрата местоположба на Венера, денешниот ден ќе ви помине во знакот на романтиката. Искористете го овој ден за целодневна посвета на партнерот, а доколку не сте во врска, преземете го првиот чекор!
Девица
Ова нека биде ден посветен на вас и на вашите задоволства. Направете го оној чоколаден колач кој ви се допаѓа и дозволете си да го изедете цел. Денес е ден на релаксација, а во таков ден диетите не постојат.
Вага
Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.
Скорпија
Ова нека биде ден на забавата! Не заморувајте се со проблемите на работа и со коментарите упатени на ваша сметка. Повикајте ги пријателите на домашна журка, а потоа излезете и забавувајте се до утринските часови.
Стрелец
Во последен период претеравте со вашите трошоци, па денес е крајно време да размислите на што ќе го потрошите вашиот ограничен буџет. Искористете ја оваа слободна вечер за мало опуштање со пријателите, која секако ќе во донесе добро расположение.
Јарец
Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви обратат неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето присуство на журката која ја приредуваат.
Водолија
Нема причина за грижа, вашиот љубовен живот од ден на ден оди во нагорна линија. Но, внимавајте, доколку сакате да започнете романса со некоја нова личност, време е да ги расчистите сметките со старата љубов.
Риби
Случувањата на работа ќе ви бидат во мислите во текот на целиот ден, па затоа многу е веројатно да се чувствувате отсутни. Вашата желба за патување на егзотични дестинации ќе биде се поблиску до својата цел, бидејќи ве очекува покачување на платата.