Со молитва која давала храброст и одлучност, домот на молитва House of Prayer од Скопје, решија да му помогнат на преседателот Ѓорге Иванов. Тие на својата фан-страна на Фејсбук ги повикаа и сите свои следбеници да се молат за претседателот, оти според нив, преку молитвата може да се даде сила да се дејствува позитивно и истрајно во одлуките. Ова се појави на социјалните мрежи една недела откако Македонија и Грција попишаа договор за промена на името.
„Да се молиме за мудрост, одлучност и храброст“, стои во нивниот повик. Тие додаваат дека секоја молитва за Иванов, дури и од една минута, е од голема важност за претседателот. Пишуваат дека и кратките молитви имаат голема сила да дејствуваат позитивно на одредена ситуација.