Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ за неколку часа треба да се венчаат, а српските медиуми, денот го започнаа со линк во живо од домот на Брена и Боба Живојиновиќ.
Црковната церемонија е закажана за во 13 часот. Српската Прва телевизија влезе во домот на пејачката и директно со јавноста ја сподели атмосферата.
Гледачите на утринската програма можеа во живо да видат што се се подготвува во кујната и дали се е под контрола пред свадбата за која со месеци пишуваат медиумите.