Светската ѕвезда Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал донираа 100 илјади долари на здружение што се грижи за правата на децата мигранти кои се одвоени од своите родители поради политиката на нулта толеранција на Трамп. Тие се дел од многуте познати личности кои ја осудуваат оваа политика на Трамп за раздвојување семејства.
И пејачот Џон Леџенд донирааше над 250 иладји долари на оваа организација за да го привлече вниманието кон „нехуманата политика“ на Трамп.
По силните реакции во јавноста, претседателот Трамп потпиша извршна уредба со која се овозможува мигрантските семејства да останат заедно додека чекаат одговор од институциите.