Еден од најдобрите боксери во светот Мајк Тајсон, неодамна откри дека бил жртва на педофилија. Тој оваа тајна ја чувал уште откога бил дете. Во интервју за спортскиот канал ЕSРN, тој рекол дека имал 7 години кога бил сексуално злоставуван од страна на постар човек.
„Тоа беше кога имав 7 години. Се се случи на улица. Човекот успеа да ѝ побегне на правдата. Ми беше срам да кажам некому па затоа не пријавив ни во полиција“, изјавил Тајсон.
Тој во интервјуто додал дека луѓето што се силувани наместо да се охрабруваат да ја кажат вистината, тие се етикетираат од општеството, и со тоа уште повеќе се повредуваат.
Тајсон рекол дека непријатното искуство го натерало да стане боксер и дека долго време на тој начин се спправувал со лутината.