Омилените книги на Меган Маркл

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за „Дејли мирор“ откри кои ѝ се омилени книги и зошто смета дека секој би требало да ги прочита.

„Мотивацискиот манифест“ од Брендон Бурчард 

„Доколку ви е преку глава од сопствената несигурност и работи што ви го одвлекуваат вниманието, ова е книгата за вас“, тврди Маркл. „Заборавете ја бучавата, која ви оневозможува да го постигнете својот потенцијал“. Авторот на книгата, пак, вели дека секој од нас може да го смени текот на својот живот доколку го промени начинот како го поминува слободното време, како ги троши парите, на што си ги троши емоциите и слично.

„Четири спогодби“ од Дон Мигел Руис

„Мајка ми ми ја даде книгава кога имав 13 години“, раскажала Меган „и до ден-денешен секогаш му се навраќам на ремек-делото на Руис со цел да си го поедноставам животот на најлесен можен начин“. Луѓето имаат ограничени размислувања, кои им создаваат непотребно страдање, е дел од основната идеја што сака да ја пренесе авторот на книгата.

„Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери

„Многу долго време сум опседната со оваа книга, особено со Малата лисица. Дури и да не ја прочитам целата содржина, поглавјето за Малата лисица за мене открива вистина на која секогаш вреди да ѝ се навратиш“, објаснила таа.

„Кој го здипли моето сирење?“ од Спенсер Џонсон

Меган првпат ја прочитала оваа книга додека била студент на Универзитетот „Нортвестерн“.

„Професор на универзитетот ја имаше ставено оваа книга на списокот со задолжителни книги за читање по предметот индустриско инженерство, што го слушав во првата година на факултетот. Беше неочекуван и чуден избор, но на крајот од денот резултатот е самоподобрување и приспособување на мотивираноста, техники што ги употребувам кога и да треба да донесам некоја одлука во мојот живот“, открила војвотката.

„Тао на Пу“ од Бенџамин Хоф

„Многу аспекти на таоизмот се прикажани преку карактерот на мечето Вини Пу. Дали може да биде подобро од тоа?“, рекла Меган. „Книгата се чита неверојатно лесно и бргу и може да ја завршите само за еден ден. На крајот ќе научите вредна лекција – како да успеете во светот околу вас“.

 

 

Scroll to Top