Додека Кристијано Роналдо е посветен на ангажманите околу Светското првенство во фудбал, Џорџина Родригез ги презеде семејните обврски и му организира роденденска забава на најголемиот син.
Својот осми роденден Кристијано Џуниор го прослави покрај базен со блиски пријатели и роднини.
На фотографиите од забавата се и останатите три деца на парот – близначињата Ева и Матео и Алана Мартина.