Црн фустан на Мерилин Монро е продаден за 50 илјади долари на аукција во Лас Вегас. Фустанот е од приватната колекција на Луис Tапер.
Според сопственикот, фустанот е од оставнината на актерката, но таа никогаш не го носела во јавност, ниту е сликана во него. Токму затоа ниската цена за која е продаден, велат од аукциската куќа. Белиот фустан што Монро го носеше на роденденот на Џон Кенеди е продаден за 5 милиони долари пред неколку години.
Мерилин Монро почина во 1962 година на 36 години. Случајот се води како самоубиство, иако теоретичарите на заговор тврдат дека е убиена.