Спанаќот ја намалува желбата за јадење

Најновото истражување што го спровеле шведските научници од Универзитетот Линд покажало дека консумирањето  спанаќ може значително да го намали апетитот. Докажано е дека во спанаќот се наоѓаат тилакоиди кои всушност го поттикнуваат слабеењето.

Во ова истражување учествувале 38 жени со прекумерна тежина. Резултатите покажале дека земањето  екстракт од тилакоиди го поттикнува лачењето на хормонот кој испраќа сигнали дека сме сити, па на тој начин апетитот се намалува. Со контролата на апетитот се намалува и можноста да посегнете по нездравите намирници.

„Нашите анализи покажаа дека со пијање  пијалак во кој е додаден екстракт од спанаќ пред појадок можеме да го намалиме апетитот и да бидеме сити во текот на денот“, вели професорката Шарлот Ерландсон Албертсон, која беше дел од ова истражување.

 

Scroll to Top