Овен
Доколку некој ги критикува вашите идеи, покажете дека имате доволно слух да ги прифатите сите критики. Не занемарувајте го вашето милениче, потребно му е вашето присуство. Потрудете се да го испочитувате договорот со саканата личност.
Бик
Потребна ви е здравствена проверка на вашето здравје. Oдете редовно на рутински преглед кај доктор. Доколку имате проблеми со партнерот, решете ги со мирен разговор. Време е за тренинг со кој ќе го подобрите нивото на вашата енергија.
Близнаци
Денот кој ви претстои може да ви биде од голема важност, бидејќи ќе треба да донесете некои важни одлуки. Размислете внимателно и направете го она што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател.
Рак
Неодлучноста може да ви одмогне во многу работи, па затоа не двоумете се многу. Правете ги оние работи кои вам ви се допаѓаат и нема да погрешите. Одвојте малку време и за вашето милениче, кое почнавте да го запоставувате.
Лав
Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.
Девица
За да се чувствувате убаво во сопствената кожа, денот почнете го со утринска гимнастика. Наместо да седнете на кафе со твоите пријатели, договорете се да пешачите. При дневната прошетка, можна е средба со некој од бившите партнери.
Вага
Иако имате негативно мислење за претстојниот период, ве очекува пријатно изненадување. Денот ќе ви биде толку исполнет, што сосема ќе заборавите на сѐ што ви претставувало грижа во претходниот период. На крајот од денот ќе се чувствувате полесно бидејќи ќе завршите обврска која ви стоела на глава.
Скорпија
Мислите нема да ви се оттргнат од вашиот партнер. Толку многу ќе ви биде жал за сѐ што сте му сториле, што цел ден нема да можете да се расположите. Признајте си ги грешките, кој признава – половина му се простува.
Стрелец
И покрај вашите желби за одмор и релаксација, време е да се освестите дека вашите обврски стојат и потребно е да почнете да ги реализирате. Направете баланс помеѓу пријателите и вашата врска. Одвојте време и за двете страни.
Јарец
Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите дека можете да ги исполните дадените ветувања. Денес препорачливо ви е да избегнувате премногу напорни или стресни ситуации.
Водолија
Планиравте да патувате некаде службено? Можеби денес ќе добиете информации кои ќе го одложат вашето патување, но не очајувајте, се работи само за осложување, а не за откажување. Остатокот од денот ќе ви помине во подготовки за романтичната вечера со вашиот партнер.
Риби
Овој ден ќе ви биде посветен на минатото. Сите случувања и сите мисли ќе ве водат кон моментите од детството. Затоа, јавете се на некој стар пријател и поминете го денот на прошетка во маалото кајшто сте израснале. На партнерот му е потребно повеќе внимание.